6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФавр ќе го наследи Тухел, Ница демантира

Фавр ќе го наследи Тухел, Ница демантира

Германските медиуми во вторникот објавија дека Томас Тухел по завршувањето на сезоната ќе замине од клупата на Дортмунд и дека негов наследник ќе биде актуелниот шеф на стручниот штаб на Ница, Лусијен Фавр.

Тухел има договор и за наредната сезона, но поради нарушените односи со извршниот директор на клубот, Ханс-Јоаким Вацке, тој ќе си замине од функцијата.

Недоволно добрите резултати и недоразбирањата околу терминот за одигрување на првиот меч со Монако во четвртфиналето во Лигата на шампионите, по бомбашкиот напад врз клупскиот автобус, резултираа со зголемено нетрпение на релација Тухел-Вацке, а цехот ќе го плати тренерот.

„Билд“ објави дека нов тренер на Дортмунд ќе биде Лусијен Фавр, кој веќе договорил двегодишна соработка, иако од Ница веднаш ги демантираа ваквите пишувања.

„Лусијен е одличен тренер, поради тоа можеме да ја разбереме идејата на Дортмунд. Но, на тоа требаа да мислат пред почетокот на сезоната, кога Фавр беше слободен на фудбалскиот пазар. Сега тој е наш“, рекол спортскиот директор на францускиот клуб, Жулијен Фурније.

Лусејен Фавр има одлична сезона со Ница, со која го обезбеди третото место во првенството и избори пласман во квалификациите во Лигата на шампионите.

Од друга страна, Тухел со Дортмунд се наоѓа на третото место во Бундеслигата и со победа во последното коло ќе избори директен пласман во Лигата на шампионите.

Фавр има богато искуство во германскоот првенство, во периодот од 2007 до 2009 година беше тренер на Херта, а потоа од 2011 до 2015 година ја предводеше Борусија од Менхенгладбах.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП