6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајдобрите играчи нема да настапат на квалификациите за Мундобаскет 2019

Најдобрите играчи нема да настапат на квалификациите за Мундобаскет 2019

Извршниот директор на кошаркарската Евролига (ЕКА), Џоди Бартомеу, потврди дека голем број кошаркари нема да можат да играат за своите репрезентации во квалификациите за Светското првенство во 2019 година.

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) реши да воведе „фудбалски“ квалификации за пласман на Мундобаскет 2019, а доколку до наредниот јули ЕКА и ФИБА не постигнат историски договор, тогаш во квалификациите нема да учествуваат играчи кои настапуваат во НБА лигата, Евролигата и Еврокупот.

„Клубовите кои учествуваат во Евролигата неодамна решија да го задржат усвоениот календар за сезоната 2016/2017. Оваа одлука останува, а може да биде променета само доколку во јули не се случат некои промени“, изјавил Бартомеу за радиото „Кадена сер“.

Бартомеу посочил дека евентуалните промени можат да се случат само на Генералното собрание на Евролигата, и тоа пред стартот на сезоната 2017/2018, односно кога ќе бидат извлекување двојките за сите 30 кола во регуланиот дел од сезоната.

Со други зборови, доколку дотогаш ФИБА и Евролигата не изнајдат некаков компромис и не ги доближат ставовите, во квалификациите за Мундобаскет 2019 ќе можат да настапуваат само тренери и играчи кои не се дел од НБА лигата, Евролигата и Еврокупот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП