ИНТЕРЕСНО

Нолито си заминува од Манчестер Сити

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Нолито, по завршувањето на сезоната, најверојатно, ќе го напушти „Итихад“.

Шпанецот, во летниот преоден рок и за сума од 13,8 милиони фунти, се пресели од Селта во Манчестер Сити и потпиша четиригодишен договор.

Иако беше сандарден на почетокот на сезоната, како таа одминуваше Нолито започна да ја губи довербата на Пеп Гвардиола и во 2017 година започна само еден натпревар во стартната постава (ФА куп против Хадерсфилд).

Севкупно Нолито за Манчестер Сити одиграл 19 натпревари и постигнал четири гола.

Наводно, за 30-годишниот крилен напаѓач е заинтересиран Бетис, кој е подготвен да плати 3,4 милиони фунти.