15 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБостон славеше во мајсторката над Вашингтон за финале на Истокот (видео)

Бостон славеше во мајсторката над Вашингтон за финале на Истокот (видео)

Кошаркарите на Бостон Селтикс изборија пласман во финалето, во Источната конференција во НБА лигата. Бостон во седмиот решавачки натпревар забележа победа над Вашингтон Визардс 115:105.

Бостон, мајстoрката против Вашингтон, ја реши во последните неколку минути, откако претходно неговите играчи испуштија предност од 13 поени. При резултат 101:97, Селтикс со серија 9:3 го решија прашањето на победникот.

Клучни фактори за триумфот на Бостон беа шутот за три поени во второто полувреме (8/11) и настапите на играчите од клупата кои постигнаа 48 поени, наспроти само петте кои ги реализираа резервите на Вашингтон.

Неочекувано, херој на Бостон е Кели Олиник, кој постигна рекордни во кариерата 26 поени. Најефикасен кај победникот беше Ајзеа Томас со 29 поени и 12 асистенции.

На Вашингтон не му помогна ниту брилијантниот Бредли Бил кој мечот го заврши со 38 поени, додека мечот со двоен ефект го завршија Ото Портер јуниор (20 поени, 10 скокови) и Џон Вол (18 поени, 11 асистенции).

Бостон во финалето на Истокот ќе игра против актуелниот првак Кливленд. Првите два меча се играат во Бостон на 18 и 20.мај, а потоа два натпревари ќе се играат на теренот на Кливленд на 22 и 24.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП