5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДефанзивците на Тотенхем во фокусот на клубовите од Манчестер

Дефанзивците на Тотенхем во фокусот на клубовите од Манчестер

Манчестер Јунајтед е подготвен на Тотенхем да му плати 130 милиони евра за тројца играчи од одбраната: Кајл Вокер, Ерик Дајер и Дени Роуз, пишува во понеделникот „Дејли Стар“.

Според истиот извор, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, во летниот преоден рок планира целосна реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, а овие тројца фудбалери сака да ги привлече со неделни плати од најмалку 120.000 евра.

Слични желби како Мурињо има и неговиот колега до градскиот ривал Сити, Пеп Гвардиола. „Граѓаните“, во претстојниот преоден рок ќе тргнат по бековскиот тандем кајл Вокер-Дерик Роуз.

„Дејли Стар“ не наведува каква е реакцијата на Тотенхем по повод интересот за овие играчи туку само пишува дека најблиску до заминување е Кајл Вокер, чии односи со менаџерот Маурисио Покетино се нарушени во изминатиот период.

Поради тоа Вокер го загуби и местото во тимот, а неговата замена Керан Трипије веќе е стандарден во тимот.

Цената на Вокер изнесува 47 милиони евра и сигурно е дека овој дефанзивец ќе може да го напушти Тотенхем доколку некој ја понуди оваа сума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП