23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСА прокоцка предност од 25 коша и загуби од Голден Стејт (видео)

СА прокоцка предност од 25 коша и загуби од Голден Стејт (видео)

Голден Стејт славеше во првиот финален дуел во Западната конференција против Сан Антонио 113:111. Голден Стејт до победата стигна со пресврт, откакако во еден момент од натпреварот имаше негатива од 25 поени.

Сан Антониo одигра речиси беспрекорно прво полувреме, во кое го лимитираа Голден Стејт на 42 поени со само 33 отсто реализиција од поле. Во првиот дел Спарси два пати имаа предност од 25 поени.

Клучниот момент на патпреварот се случи по четири минути игра во третата четвртина кога најдбриот играч на Сан Антоно, Каваи Ленард ја обнови повредата на левиот скочен зглоб. Тој веднаш замина во соблекувалната и повеќе не се врати на теренот.

Непосредно пред повредата Голден Стејт го започна пресвртот. Најпрвин со серија 19:0 играчите на Голден Стејт ја спуштија разиката под десет поени, а потоа во финишот на напреварот, со серија 6:0 преминаа во водство.

Стеф Кари со 40 поени и седум скокови, односно Кевин Дурент со 34 кошеви го предводеа Голден Стејт, додека кај Спарси, најдобар беше Ленард. До повредата тој одигра 24 минути и имаше учинок од 26 поени, осум скокови и две асистенции. Одличен меч одиграа и Ламаркус Олдриџ кој постигна 28 поени и ветеранот Ману Џинобили кој уфрли 17 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП