18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома го совлада Јувентус (видео)

Рома го совлада Јувентус (видео)

Рома го победи Јувентус 3:1, во дербито на 36.коло во Серија и ја одложи шампионската промоција на „старата дама“.

Јувентус со изменет состав настапи на „олимпико“, во Рим, додека Рома играше без најдобриот стрелец Един Џеко.

Лемина во 21.минута акцијата на Стураро и Игуаин ја претври во водство на Јувентус, но Рома израмни само четири минути подцна со голот на Де Роси.

Во второто полувреме најпрвин Ел Шарави во 56.минута погоди за 2:1, а конечниот резултат девет минути подоцна го постави Наинголан.

На две кола до крајот на сезоната во Серија А Јувентус е лидер со 85 бодови, а Рома е втора со четити бодови помалку,

До крајот Јувентус ќе игра против Кротоне и Болоња, а Рома за противници ќе ги има Киево и Џенова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП