4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем со победа се прости од „Вајт Харт Лејн“

Тотенхем со победа се прости од „Вајт Харт Лејн“

Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Манчестер Јунајтед 2:1 (1:0), во последниот натпревар кој овој клуб го одигра на еден од легендарните англиски стадиони „Вајт Харт Лејн“.

Тотенхем 118 години настапуваше на „Вајт Харт Лејн“, а по мечот со Манчестер Јунајтед и завршувањето на сезоната стадионот ќе биде срушен и на неговото место ќе биде изграден нов објект.

Инаку Тотенхем оваа сезона не доживеа пораз на својот стадион, што е прво такво оставрување уште од сезоната 1964/65.

На отворањето на полувремињата домаќинот ги постигна головите, првиот беше дело на Ванјама во шестата, а вториот Кејн во 48.минута. Единствениот гол за Јунајтед го постигна Руни на 20 минути дои крајот на мечот.

Тотенхем со оваа победа го обезбеди второто место на табелата и настап во Лигата на шампионите. До крајот на сезоната Тотенхем ќе гостува кај Хал и Лестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП