10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПетта мадридска мастерс титула за Надал

Петта мадридска мастерс титула за Надал

Рафаел Надал е победник на Мастерс турнирот во Мадрид. Шпанецот во финалето, кое траеше два часа и 19 минути, го победи Австриецот Доминик Тим со 7:6, 6:4.

Рафаел Надал во Мадрид ја освои петтата титула на вој турнир, со што стигна до бројката од 30 титули на турнирите од МАстерс серијата и на вечната листа се израмни со Новак Ѓоковиќ. Зад овие двајца е Роџер Федерер со 26 трофеи.

Младиот Австриец кој го одигра своето прво мастерс финале во кариерата, му пружи достоен отпор на фаворизираниот Шпанец. Особено Тим беше конкурентен во првиот сет кој траеше еден час и 19 минути. Надал го доби сетот во тај-брејк со 10:8.

Во вториот сет, Тим успеа да го освои сервисот на противникот кога Нaдал сервираше за меч, но потоа не успеа да избори трет сет.

Мастерсот во Мадрид се играше за награден фонд од 5,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП