23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ поведе со 1-0 во финалната серија од кошаркарскиот плеј оф

МЗТ поведе со 1-0 во финалната серија од кошаркарскиот плеј оф

МЗТ поведе 1-0 во финалната серија против Карпош Соколи. Бранителот на титулата, во драматичен ме, славеше со 77:76, а последниот поен на мечот го постигна Тејмс од линијата за слободни фрлања на 18 секунди до крајот на мечот.

Бранителот на шампионската титула и актуелниот освојувач на Купот на Македонија одиграа интересен и до крај неизвесен дуел, кој му припадна на домаќинот, иако Карпош имаше цели 17 секунди за последниот напад.

Инаку, ниту еден од тимовите на овој меч не успеа да стигне до двоцифрена разлика, најблиску до такво нешто беа гостите кои во последната минута од третиот период имаа напад при водство 50:59.

Израмнето беше во првиот дел и на таков начин се играше 26 минута, кога Карпош предводеш од МАвра успеа да направи серија 5:14, за 50:59, а со поените на Пери во последната секунда од овој период, во решавачката четвртина да влезе со 53:61.

МЗТ во последната четвртина го даде најдоброто од себе, за пет минути со серија 18:2, негативата од осум поени ја претвори во позитива 71:63.

Соколите тука не се предадоа, се вратија во вистинскиот ритам, а во последната минута со тројките на Зековиќ и Мавра стигнаа до израмнување 76:76.

На спротивната страна Тејмс беше фаулиран, но Американецот успеа да погоди само едно слободно фрлање за 77:76.

Последниот напад го имаше Карпош, цели 17 секунди топката беше кај Мавра, чии удар на крајот не успеа да стигне до обрачот.

„На Мавра му одеше, свесно одевме така, знаевме дека против него ќе остане повисок играч, но не успеа да погоди“, изјави за Макфакс по мечот тренерот на Карпош Соколи, Драган Николиќ.

МЗТ до водство во серијата 1-0 го предводеа Дреновац со 26 поени, односно Мијатовиќ со 17 поени и 10 скокови. На спротивната најдобри беа ПЕри со 21 и Мавра со 18 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП