18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис Хамилтон победник на трката за Големата награда на Шпанија

Луис Хамилтон победник на трката за Големата награда на Шпанија

Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Шпанија, откако по голема борба и поради подобрата тимска стратегија беше подобар од опонентот од Ферари, Себастијан Фетел.

Актуелниот лидер во вкупниот пласман Себастиан Фетел, уште на самиот почеток го мина Хамилтон, кој стартуваше од пол позицијата и ја предводеше трката се до 44-от круг, кога Британецот втор пат ги менуваше пневматиците.

Хамилтон ја искористи одличната тимска тактика, го презеде првото место кое потоа Фетел на успеа да му го оспори.

Претходно трката заврши за Кими Раиконен и Макс Ферстапен, кои се судрија уште во првиот круг, додека Валтери Ботас се откажа во 38-от круг поради проблеми со моторот.

Интересно, трката на патеката Каталуња, во ист круг ја завршија само тројцата првопласирани, покрај Хамилтон и Фетел место на подиумот избори Даниел Рикардо од Ред Бул.

Меѓу првите десет уште се најдоа Окон, Хилкенберг, Верлајн, Саинц јуниор, Квјат и Грожан.

По пет трки во првенството лидер е Фетел со 104 бодови, шест повеќе од Хамилтон. Наредната трка е на програмата е на 28.мај, а ќе се вози низ улиците на Монте Карло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП