
Романката Симона Халеп ќе ја брани титулата на Мастерсот во Мадрид против Кристина Младеновиќ од Франција.


Романката Симона Халеп ќе ја брани титулата на Мастерсот во Мадрид против Кристина Младеновиќ од Франција.
Двете тенисерки во полуфиналните мечеви со 2:0 славеа против Анастасија Севастова, односно Светлана Кузњецова.
Симона Халеп лесно ја совлада Севастова во два сета 6:2, 6:3, додека многу повеќе возбудувања понуди второто полуфинале, во кои Младеновиќ славеше со 6:4, 7:6 против ветеранката Кузњецова.