5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСимеоне и наредната сезона ќе го предводи Атлетико

Симеоне и наредната сезона ќе го предводи Атлетико

Атлетико Мадрид, во средата, не успеа да се пласира во финалето во Лигата на шампионите, а во петокот, навивачите на клубот ја добија најдобрата можна вест. Тренерот Диего Чоло Симеоне и наредната сезона ќе го предводи тимот.

Чоло е еден од најбараните светски тренери, отворена понуда му испрати Интер, за неговото „здравје“ се распрашуваше и ПСЖ, шпекулациите говореа дека и Арсенал кокетира со него, но тој реши уште една сезона да го предводи Атлетико.

Аргентинскиот тренер, наредната сезона ќе се обиде со тимот да стигне до единствениот трофеј кој го нема освоено со Атлетико, Лигата на шампиони.

Симеоне преку видео линк, во петокот, „присуствуваше“ на промоцијата на „Ауди купот“ кој во Минхен ќе се одржи на 1. и 2.август. Покрај Атлетико на турнирот ќе учествуваат Баерн Минхен, Ливерпул и уште една екипа.

Одговарајќи на новинарско прашање, поврзано со неговата иднина, тој рекол: „Фактот што се појавив тука е јасен знак. Дефинитивно се гледаме на Ауди купот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП