7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрих на центарот во Кардиф, Скомина ќе биде главен во Солна

Брих на центарот во Кардиф, Скомина ќе биде главен во Солна

Европската фудбалска унија (УЕФА) во петокот ги одреди судиите кои ќе ја делат фудбалската правда на финалните натпревари во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Германецот Феликс Брих ќе биде главен судија на завршниот меч во Лигата на шампионите. Негови помошници ќе бидат Штефан Луп, Марк Бош, Бастијан Денкерт и Марко Фриц. За четврти судија е делегиран Србинот Милорад Мажиќ.

Финалето во Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Реал Мадрид ќе се одигра на 3 јуни, на „Милениум“ стадинот во Кардиф, Велс.

Кога станува збор за финалето во Лига Европа, кое ќе се одигра во предградието на Стокхол, Солна, на „Стадионот на пријателството“, главен арбитар ќе биде Словенецот Дамир Скомина.

Финалето во Лига Европа помеѓу Манчестер Јунајтед и Ајакс на програмата е на 24 мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП