6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНишикори го предаде мечот, Ѓоковиќ без борба до полуфиналето

Нишикори го предаде мечот, Ѓоковиќ без борба до полуфиналето

Новак Ѓоковиќ без борба се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот во Мадрид откако Кеи Нишикори му го предаде мечот поради повреда на зглобот.

Јапонецот Нишикори, недоволно залечен допатува на Мастерсот во Мадрид, успеа да забележи две победи, но повредата поради која го пропушти претходниот турнир во Барселона беше посилна и не му дозволи да излезе на теренот против Ѓоковиќ.

„Жалам, но морав да се повлечам. Доколку премногу форсираш, поголеми се шансите да се повредиш и да си создадеш уште поголем проблем. Поради тоа решив да не играм“, рекол Нишикори.

Вториот носител на Мастерсот во Мадрид, Ѓоковиќ, непланирано доби еден ден за одмор, а во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето помеѓу Рафа Надал и Давид Гофан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП