20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО4 фудбалски гиганти во битка за Санчез

4 фудбалски гиганти во битка за Санчез

Четири екипи, великани на европскиот фудбал, по завршувањето на сезоната, ќе влезат во трката за обезбедување на потписот на Алексис Санчез од Арсенал. Баерн Минхен, Манчестер Сити, ПСЖ и Интер се сериозно заинтересирани за услугите на Чилеанецот.

Алексис Санчез има договор со Арсенал до јуни 2018 година, но нема намера да потпише нов договор со „топпџиите“, поради што клубот ќе мора да го продаде ова лето, во спротивно, кога ќе му истекне договорот, ќе може да замине како слободен играч.

Чилеанецот самиот најави дека ова е неговата последна сезона во дресот на Арсенал.

„Лично, сметам дека оваа сезона не е добра. Дојдов во Арсенал да освојувам титули и многу сум разочаран бидејќи ретко се наоѓаме во таква позиција. Големите играчи освојуваат титули во националните првенства и во Лигата на шампионите“, рекол Санчез.

Арсенал, во 2014 година, на Барселона и плати 38 милиони евра за услугите на Чилеанецот, а според шпекулациите тој на крајот од сезоната ќе заминe за сума од 40 милиони евра.

Инаку, француските медиуми тврдат дека Алексис Санчез ќе заврши во Баерн, бидејќи таму игра неговиот колега од репрезентацијата Артуро Видал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП