4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорѓиоски во одбрано друштво, на фудбал со легендарните Марадона, Боњек, Роналдињо, Кака....

Ѓорѓиоски во одбрано друштво, на фудбал со легендарните Марадона, Боњек, Роналдињо, Кака….

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски за момент заборави на работните задачи на Конгресот на ФИФА во Бахреин и одигра партија фудбал со легендите на светскиот фудбал од калибарот на Диего Армандо Марадона, Збигњев Боњек, Кака, Роналдињо, Дејан Савичевиќ и уште дузина планетарни ѕвезди од минатото.

На едната страна на теренот се најдоа Претседателите на федерациите и Генералните секретари, а на спротивната големите фудбалски асови. Одбрано друштво со вистински фудбалски асови, кои секој на свој начин и во различни периоди оставија траен печат во светскиот фудбал.

 

Посебна вредна е средбата со првиот човек на полската федерација, Збигњев Боњек, како загревање за настапот на нашата млада селекција на ЕП во Полска. Боњек кој беше голема ѕвезда на полската репрезентација и на Јувентус, е во организацискиот одбор на младинското ЕП. Македонските фудбалски херои ќе имаат историски настап на големо натпреварување, следниот месец, од 16. до 30. јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП