4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаленсија од наредната сезона ќе ја предводи Торал

Валенсија од наредната сезона ќе ја предводи Торал

Шпанецот Маселињо Гарсија Торал (51) од наредната сезона ќе го предводи тимот на Валенсија. Торал на клупата ќе го наследи Салвадор „Воро“ Гонзалес кој на почетокот на оваа година ја предводи екипата од „Местаља“.

Торал од 2013 до август 2016 година беше тренер на Виљареал, но на два дена пред почетокот на актуелната сезона замина од клубот поради недоразбирањата со раководството.

Бидејќи правилата на Фудбалската федерација на Шпанија не им дозволуваат на тренерите во една сезона да работат во два различни тима кои се натпреваруваат во Примера, Торал беше без ангажман.

„Официјалното претставување на Торал ќе следува по завршувањето на сезоната“, објави Валенсија.

Торал во својата кариера бил тренер на Спортинг Хихон, Сарагоса, Расинг Сантандер и Севиља.

Инаку, Марселињо Торал ќе биде деветтиот тренер на Валенсија во последните пет години. Последен тренер кој на клупата на Валенсија се задржал повеќе од една сезона беше Унаи Емери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП