1 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦиндриќ заминува во Кјелце?

Циндриќ заминува во Кјелце?

Средниот бек на Вардар и ракометната репрезентација на Хрватска, Лука Циндриќ, летото во 2018 година ќе се пресели во редовите на Кјелце, тврди специјализираниот ракометен портал „handball-planet.com“.

Според истиот извор, Циндриќ во тимот ќе го замени ветеранот Урош Зорман (37), за кого наредната сезона ќе биде последна во кариерата.

Циндриќ е поранешен играч на Металург, а по финансиските проблеми кои се соочи клубот од „Автокоманда“ тој се пресели во Вардар, екипа со која сезонава ќе настапи на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар