27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМари елиминиран од Борна Чориќ

Мари елиминиран од Борна Чориќ

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ приреди вистинска сензација на Мастерсот во Мадрид, откако во осминафиналето го елиминираше првиот носител Енди Мари.

Чориќ ја забележа најголемата победа во кариерата во Мадрид, тој за 96 минути го победи светскиот број 1.

Хрватскиот тенисер клучните брејкови ги направи во седмиот гем од првиот и осмиот гем од вториот сет.

На крајот Чориќ славеше со 2:0 (6:3, 6:3).

За разлика од Мари, осминафиналето го мина вториот носител на турнирот, Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер кој од почетокот на годината е далеку од вистинската форма, одигра сигурен меч против Фелисијано Лопез.

По еден брејк во двата сета му беа доволни на Ѓоковиќ да слави со 6:4, 7:5.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП