22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСкандалозно: Членови на ФИФА не знаат кој е светски првак

Скандалозно: Членови на ФИФА не знаат кој е светски првак

Светската фудбалска организација (ФИФА) во Бахреин го одржува својот 67. конгрес. Почетокот на конгресот откри еден поразителен факт, 12 членови на когресот не знаат кој е актуелен светски првак.

ФИФА последните неколку години се наоѓа во центарот на корупциски скандал, во кој се вклучени десетина официјални претставници на организацијата, во најголем дел од латиноамериканските држави. Некои од нив веќе се осудени за злоупотреба на службената положба.

„Градиме нова репутација по сè она што се случи изминатите неколку години. Ја презедовме организацијата кога таа беше на најниското можно ниво. Овде повеќе нема место за злоупотреби. Не се фер тие кои нè критикуваат бидејќи воведовме транспарентност, етички норми и контрола врз работењето. Плукањето по ФИФА во некои држави стана национален спорт“, рекол на отворањето претседателот Џани Инфантино.

Инаку, на 67. конгрес се донесени неколку одлуки:

– Домаќинот на Мундијалот во 2026 година ќе биде соопштен на конгресот кој ќе се одржи пред почетокот на Светското првенство во Русија во 2018 година.

– Во моментов единствен кандидат е заедничката кандидатура на САД, Канада и Мексико, а надвор од конкуренција за организацијата се Европа и Азија.

– Продолжена е суспензијата на Кувајт (трае од 2015 година), поради мешањето на политиката во работата на националниот сојуз и Гватемала (трае од 2016 година), поради корупција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП