1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелниците на Ред Бул уверени дека нема да го загубат Верстапен

Челниците на Ред Бул уверени дека нема да го загубат Верстапен

Челниците на Ред Бул се уверени дека нема да го загубат Макс Верстапен пред истекот на неговиот договор. За најмладиот победник на една трка во историјата на Формула 1 сериозен интерес покажува Скудерија Ферари.

Шпекулациите дека Верстапен би можел да се пресели во Ферари ги покрена поранешниот возач Мартин Брандл со изјавата дека чувствува фрустрација кај 19-годишниот возач бидејќи Ред Бул тешко се носи со Мерцедес и Ферари.

Шпекулациите говорат дека Верстапен може да се пресели во Маранело по завршувањето на сезоната кога им истекуваат договорите на Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Младиот Холанѓанец има договор со Ред Бул до 2018 година, но во договорот постои клаузула дека тој може да да замине доколку тимот не постигнува добри резултати.

Постоењето на ваквата клаузула во договорот на Верстапен го демантира Хелмут Марко.

„Доколку ние не му дозоволиме тој не може да замине во Ферари“.

По четири трки во првенството на Формула 1, Верстапен се наоѓа на петтото место со 35 бодови.

Наредната трка се вози в недела, на 14 мај, во Барселона, на патеката „Каталуња“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП