7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСелтикс на чекор до финалето на Истокот (видео)

Селтикс на чекор до финалето на Истокот (видео)

Бостон Селтикс води со 3-2 во полуфиналната серија на Истокот, откако во петтиот меч славеше над Вашингтон Визардс 123-101.

Тимската игра, која особено беше изразена во првиот период, му ја донесе на Бостон победа во петтиот меч од полуфиналната серија со Вашингтон. Домаќинот со серија 16-0 ја презеде контролата врз натпреварот уште од почетокот.

Селтикси асистираа за 12 од почетните 13 поени во првата четвртина, а Ајзеа Томас во првите 12 минути имаше повеќе асистенции од комплетниот тим на Вашингтон (5-4).

Бостон на овој меч имаше контрола и врз скок играта (48-45) за разлика од претходните две средби кога играчите на Вашингтон доминираа под обрачите.

Ејвери Бредли со личен плејоф рекорд, 29 поени, го предводеше Бостон до третата победа во оваа серија. Одличен меч за Селтикси одиграа Ал Хорфорд (19 поени, 6 скока, 7 асистенции), односно Ајзеа Томас и Џае Краудер кои постигнаа по 18 кошеви.

Вашингтон вообичаено го предводеа Џон Вол и Бредли Бил, овојпат со 21, односно 16 кошеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП