10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Реал Мадрид и покрај поразот се избори за финале

ЛШ: Реал Мадрид и покрај поразот се избори за финале

Реал Мадрид ќе игра против Јувентус на 3.јуни во финалниот натпревар во Лигата на шампионите. Актуелниот европски првак „преживеа“ во полуфиналниот реванш против градскиот ривал Атлетико, загуби 2:1, но поради победата во првиот меч од 3:0 избори ново финале.

Реал 15-ти пат во клупската историја, а трет во последните четири години ќе игра во финалето во Лигата на шампионите. „Кралевите“ повторно беа кобни за градскиот ривал Атлетико и со вкупни 4:2 изборија меч против Јувентус.

Финалето во Кардиф ќе биде реприза на меѓусебниот дуел одигран во финалето во 1998 година, кога Реал победи 1:0 со голот на Мијатовиќ.

Малкумина очекуваа но Атлетико успеа максимално да му ја закомпликува работата на Реал во реваншот. Малку недостигаше „јорганџиите“ уште во првиот дел да ја анулираат негативата од три гола.

Тимот на Диего Симеоне започна фуриозно, со ударот на Коке во петтата минута, а притиското врдо со плод по 12 минути игра, кога по изведениот корнер на Коке, Саул ја закова топката во голот на Реал.

Четири минути подоцна, Варан направи прекршок за пенал врз Фернандо Торес, а Гризман погоди за 2:0.

Играчите на Реал иако беа во шок успеаја да се консолидираат, да ги одбијат налетите на противникот, а од 25 минута и да ја преземат контролата врз играта.

Во самиот финиш на првиот дел, во 43 минута, Бензема во десната страна успеа да „измеша“ тројца дефанзивци на Атлетико, ја врати топката за Крос чии удар го одбрано Облак, а на одбиената топак налета Иско и намали на 2:1.

Голот целозно им ја одзеде енергијата на домаќините, кои во вториот дел се обидоа, да сторат нешто повеќе, но кога требаше Реал го спасуваше Кејлор Навас.

Костариканецот во 67.минута, во еден ист напад спречи да биде совладан по ударите на Караско и Гамеиро.

Седум минути подоцна Серхио Рамос во последен момент интервенираше пред Гамеиро, а до крајот Гризман се обиде од тешка позиција, но и неговиот удар го одбрани Навас.

Реал во второто полувреме, создаде две шанси, Кристијано Роналдо се обиде од слободен удар, а обидот на Бензема со глава од добра позиција заврши крај голот.

Дуелот со Реал беше последен во европските купови за Атлетико на „Винсенте Калдерон“, бидејќи од наредната сезона тимот ќе игра на ултрамодерниот „Ванда Метрополитано“.

Финалето во Лигата на шампионите се игра на 3.јуни во Кардиф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП