6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКК Цибона демантира дека ќе оди во стечај

КК Цибона демантира дека ќе оди во стечај

Кошаркарскиот клуб Цибона од Загреб ги демантираше наводите дека на 1 јуни, поради финансиски проблеми, ќе замине во стечај. Клубот соопшти дека тековно работи без никакви проблеми.

„Ја известуваме јавноста дека финансиското работење на КК Цибона е стабилно и дека ќе продолжи со своите настапи на домашната и меѓународната сцена, во оваа и во сезоните кои следуваат. Информациите кои се пласирани во медиумите се целосно невистинити“, пишува на официјалната интернет страница на клубот.

Во соопштението се наведува и дека тренерите, клупските челници и раководството со помош на Градот Загреб ќе продолжат со својата секојдневна работа.

Цибона на овој начин го демантира својот поранешен играч, тренер и претседател Ацо Петровиќ, кој изјави дека поранешниот европски првак ќе згасне до 1 јуни.

Петровиќ образложи дека Цибона не ги почитувала одредбите од претстечајниот договор и дека доколку продолжи да се однесувува така и во наредните три недели ќе се стекнат сите услови клубот за замине во стечај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП