17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДончиќ го доби признанието „Ѕвезда во подем“

Дончиќ го доби признанието „Ѕвезда во подем“

Кошаркарот на мадридски Реал, Лука Дончиќ, ја доби наградата „Ѕвезда во подем“, за најдобар млад играч во Евролигата.

Словенецот наградата за најдобар играч до 22 години ја доби едногласно од сите тренери на тимовите кои настапуваа во Евролигата. Во изборот тој победи во конкуренцијата на Анте Жижиќ, центарот на Дарушафака, односно крилото на Црвена ѕвезда, Марко Гудуриќ и центарот на Басконија Илемане Диоп, кои го поделија третото место.

Дончиќ неодамна наполни 18 години, тој сезонава во која Реал го освои првото место во регуларниот дел ја заврши со просечни 8 поени, 4,5 скока и 4,3 асистенции по натпревар.

Инаку, Реал на завршниот турнир во Евролигата, во полуфиналето ќе игра против Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП