4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМбапе ја прекина низата на Буфон и Јувентус

Мбапе ја прекина низата на Буфон и Јувентус

Фудбалерите на Монако во Торино го направија невозможното, постигнаа гол против Јувентус. Јувентус во полуфиналниот реванш славеше над Монако 2:1 и со вкупен резултат 4:1 избори пласман во своето деветто финале во Лигата на шампионите.

Јувентус до полуфиналниот реванш на својот стадион немаше примено гол во нокаут фазата, а Џиџи Буфон не беше совладан 689 минути, сè до моментот кога во вторникот неговата мрежа ја затресе тинејџерот Мбапе.

Италијанскиот шампион се искачи на второто место на вечната листа во Лигата на шампионите според бројот на минути во кои не примил гол.

Рекордер е Арсенал, кој не примил гол во периодот од 29 септември 2005 до 17 мај 2006 година. Серијата на Арсенал траеше 995 минути, а ја прекина Самјуел Ето со израмнувачкиот гол во 76. минута, постигнат во финалниот меч, во Париз.

Кога станува збор за Јувентус, пред голот на Мбапе, последен кој го совладал Буфон беше дефанзивецот на Севилја, Нико Пареха, на почетокот од натпреварот кој двата тима го одиграа во фазата по групи, на 22 ноември 2016 година, на стадионот „Санчез Писхуан“ во Севилја.

Иако Пареха го постигна првиот гол, до крајот Јувентус со пресврт победи 3.1 и го освои првото место во Х групата.

По мечот во Севилја, Јувентус во последниот натпревар во Х групата го победи Динамо Загреб (2:0), а потоа во осминафиналето славеше над Порто (2:0, 1:0), во четвртфиналето ја елиминира Барселона (3:0, 0:0), а потоа следуваше победата над Монако во првиот меч (2:0), истиот резултат „Старата дама“ го имаше и во реваншот сè до 70 минута кога Мбапе ги постави конечните 2:1.

Лига на шампиони, серии без примен гол:

995 минути: Арсенал (27.09.2005 – 17.05.2006)
689 минути: Јувентус (22.11.2016 – 09.05.2017)
686 минути: Челзи (03.10.2007 – 02.04.2008)
658 минути: Ајакс (27.09.1995 – 03.04.1996)
623 минути: Милан (02.11.2004 – 04.05.2005).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП