19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРијад Махрез заминува од Лестер

Ријад Махрез заминува од Лестер

Фудбалерот на Лестер, Ријад Махрез ги известил челниците на клубот дека во летниот преоден рок сака да се пресели во Арсенал или Тотенхем. Махрез се повикал на договорот од минатата година, дека ќе остане во клубот уште една сезона, но не повеќе од тоа.

Ријад Махрез, по освојувањето на шампионската титула со Лестер реши да остане во клубот и да игра во Лигата на шампионите, иако и по завршувањето на минатата сезона сериозен интерес за неговите услуги покажуваше Арсенал. Според медиумите на Островото, повторно ќе се обиде да го ангажира Алжирецот бидејќи се очекува Алексис Санчез да го напушти клубот.

Махрез сезонава има постигнато 10 голови, но не игра на нивото од минатата сезона кога беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата, поради што беше и прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.

Лестер нема да се противи на неговиот трансфер, но нема намера да му дозволи да си оди за сума помала од 35 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП