Сан Антонио поведе во полуфиналната серија против Хјустон со 3-2, откако по продолжението го доби петтиот меч 110:107. Победникот од оваа серија во финалето на Западот ќе игра против Голден Стејт, кој во четири натпревари ја заврши серијата со Јута.
Тексашкото полуфинале на Западот, донесе уште еден неизвесен дуел, кој успеа да го добие Сан Антонио благодарение на „резервистот“ Пети Милс и ветеранот Ману Џинобили.
Дуелот во регуларниот дел заврши со резултат 101:101, иако и двата тима имаа шанса за победа. Најпрвин Џејмс Харден не успеа да реализира на 11 секунди до крајот, а на спротивната страна Пети Милс погоди но по истекот на времето.
Сан Антонио од средишницата на третата четвртина играше без својот најдобар играч Кави Ленард, кој го повреди зглобот. Крилниот играч по мечот на новинарите има рекол дека сигурно ќе игра во наредниот натпревар.
Учинокот на Ленард го надоместија Пети Милс и Ману Џинобили. Аргентинецот ги постигна последните поени во регуларниот дел од натпреварот, а во финишот на продолжението го изблокира обидот на Харден.
Ленард беше најефикасен кај победникот со 22 поени, на кои придодаде 15 скокови и четири асистенции. Двоен ефект од 18 поени и 14 скокови имаше Ламаркус Олдриџ, додека Милс мечот го заврши со 20 поени.
Харден беше најефикасниот кај Хјустон, но со лоша реализација од поле (4/15 за три). Харден заврши со трипл-дабл од 30 поени и по 10 скокови и асистенции.