1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико ќе брка негатива од три гола

Атлетико ќе брка негатива од три гола

Реванш полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу мадридските ривали на прв поглед говори дека ќе биде само формалност за Реал. „Кралскиот клуб“ на првиот натпревар победи со 3:0.

Реал со речиси недостижна предност ќе го почне реваншот на „Винсенте Калдерон“, но Атлетико нема намера лесно да се предаде. Тимот на Диего Симеоне ќе се обиде да го примени рецептот од 2015 година, кога во првенствениот дуел победи 4:0.

Сепак, овој натпревар е одигран во Примера, каде Реал има само една победа над Атлетико на последните осум соочувања, додека во Лигата на шампионите „Кралскиот клуб“ има три победи и едно реми.

Лоша вест за Атлетико е и дека Реал на последните 60 натпревари постигнал најмалку еден гол.

„Пред нас е еден екстремно тежок меч, за некои невозможна задача, но не и за нас. Им кажав на играчите да веруваат, иако играат против најдобриот тим во светот, но ние можеме да минеме во финалето. На нашиот терен секогаш имаме шанса“, рекол на тренерот на „јорганџиите“ Чоло Симеоне, во чии состав ќе се врати дефанзивецот Хозе Марија Хименез.

Капитенот на екипата, Габи, инспирацијата ја бара во Барселона и пресвртот кој Каталонците го напаравија против ПСЖ.

„Секако дека можеме да направиме пресврт, се сеќавате што успеа да направи Барселона. Барса дури имаше и потежок резултат. Убеден сум дека можеме да го елиминираме Реал, ќе се бориме, а доколку не успееме тогаш барем со кренати глави ќе го напуштиме теренот“, порачал Габи.

На другата страна никој не помислува дека Атлетико може да приреди сензација. Главна тема на „Сантијаго Бернабеу“ е дали Реал може да стане првиот тим кој ја одбранил титулата во ЛШ.

„Реал има специјална врска со ЛШ, тоа го чувствуваат и навивачите. Играњето во Европа ни дава крила…Секој меч против Атлетико е тежок, тоа е голем тим, но ние знаеме како да играме против нив“, рекол крилниот напаѓач на Реал, Лукас Васкез.

Полуфиналниот реванш помеѓу Атлетико и Реал на „Винсенте Калдерон“ стартува во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП