3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПиоли повеќе не е тренер на Интер

Пиоли повеќе не е тренер на Интер

Стефано Пиоли доби отказ на тренерската функција во Интер на три кола до крајот на сезоната во Серија А. Интер има само теоретски шанси да избори пласман во Лига Европа, поради што раководството реши да го отпушти тренерот Пиоли.

Стефано Пиоли на клупата на Интер седна во ноември минатата година, имаше добар старт, но тимот на последните десет натпревари освои само два бода.

До крајот на сезоната Интер ќе го предводи тренерот на младиот тим Стефано Веки, кој ќе дебитира викендов против Сасуоло.

Според италијанските медиуми нов тренер на клубот ќе биде Лучано Спалети кој по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП