18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ и Карпош Соколи во борба за титулата

МЗТ и Карпош Соколи во борба за титулата

Шампионската титула во домашното првенство кошаркарите на МЗТ ќе ја бранат против актуелниот освојувач на Купот, Карпош Соколи.Двата тима со максимални 3-0 ги добија полуфиналните серии против опонентите Куманово односно Работнички.

МЗТ, во третиот меч, убедливо го порази Куманово 84:64, иако гостите водеа по првиот дел. МЗТ победникот го реши во третиот период кој го доби со 26:10.

Дреновац со 17, односно Мијатовиќ со 15 поени го предводеа МЗТ до победата.

Карпош Соколи, славеше во „Градски Парк“ 76:65. Соколите во првите три четвртини ја акумулираа предноста од 11 кошеви, а последната заврши 18:18.

Македонските репрезентативци Трајковски со 21 и Соколов со 14 кошеви еа најефикасните играчи во редовите на актуелниот освојувач на Купот.

Финалната серија ќе започне в петок, предноста на домашниот терен ја има МЗТ, а до титулата ќе стигне тимот кој прв ќе забележи три победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП