2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈубилеј 50 години карате во Република Македонија

Јубилеј 50 години карате во Република Македонија

По повод големиот јубилеј 50 година карате спорт во Република Македонија (1967-2017) и 50 година активно занимавање со карате на Венцислав Недев 9 дан, претседател и основач на МТКФ како и (единствен активен каратист од првата генерација на каратисти во РМ), Македонската традиционална карате федерација ќе ја одржи 2-та свечена карате академија и семинар со светските карате легенди браќата Илија и Владимир Јорга, основоположници на југословенското и на накедонското карате.

Илија Јорга беше прв селектор на најуспешната југословенска карате репрезентација на сите времиња, повеќекратен европски и светски шампион и Владимир Јорга прв претседател на Карате сојузот на Југославија, а во моментов претседател на Европската федерација. Семинарот ќе се одржи на 30 Септември и 1 Октомври 2017 година во Будо Карате Центарот “Недеви“.

На овој ден точно пред 50 години во Октомври 1967 година, д-р. Илија Јорга го одржа првиот карате семинар во салата на ДТВ Партизан 3 во Скопје.

Исто така за време на јубилејот ќе се одржи и свечена карате академија на која ќе бидат одликувани сите спортисти, тренери и спортски работници кој дале придонес за развојот на карате спортот во Република Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП