1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Монако брка два гола негатива против Јувентус

ЛШ: Монако брка два гола негатива против Јувентус

Јувентус вечер го дочекува Монако, во рамки на реваншот во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Јувентус во мечот влегува со предност од два гола, постигнати во првиот натпревар пред една недела на гостински терен.

„Се уште не сме во финалето, сакам на сите тоа да им биде јасно. Играме против силен ривал како Монако, тим што ќе нема што да загуби, а тоа може да биде многу опасно за нас. Опуштање не доаѓа во предвид, Монако има играчи кои се способни да ни создадат огромни главоболки, затоа мораме да играме како да е 0-0 и да настојуваме да победиме и на оваа средба како минатата седмица“, рече на прес конференција во понеделник навечер тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Тој додаде дека единствена дилема во пресрет на реваншот му е со кого да го започне мечот, дали со Барзалји, или со Квадрадо.

На располагање вечерва му е и Сами Кедира, кој пред една недела не можеше да настапи заради суспензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП