28 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.05.2017

Дневен хороскоп 08.05.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекуваат потешкотии и компликации на деловен план. Во љубовта не се однесувате онака како што посакува партнерот, па можно е да настанат проблеми.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не ја испробувајте среќата на било кој начин, нема многу да ве послужи. Бидете одговорни кон своите обврски. Во љубовта се ќе биде како подмачкано.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доколку се занимавате со некој приватен бизнис можна е некоја штета или загуба. Брачната ситуација ќе биде многу поволна, доколку покажете и малку флексибилност ќе бидете уште посреќни.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денот не е поволен за патување или деловни преговори. Можно е нешто да ве кочи во напредокот. Во љубовта ќе бидете разочарани од некои ситни грешки кои ги направил партнерот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Иако финансиската ситуација не ви е баш најидеална, сепак набрзо ќе дојде до подобрување. Во љубовта обидете се да допрете подлабоко до партнерот за да дознаете што всушност го мачи.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денот нема да биде најдобар за работа. Искористете го за да завршите некои стари обврски, не се зафаќајте за нови обврски. Во љубовта имате чувство дека се се завртело против вас.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не сте доволно фокусирани на приоритетите, туку полека ја расфрлате енергијата на нешта кои не се толку важни. Во љубовта сте растрганати и не сте сигурни што сакате, оние кои се слободни нема да имаат некои посебни шанси за врска.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не се потпирајте на било кого верувајќи му бескрајно. Најважни ќе ви бидат финансиските резултати, па затоа движете се бавно кон целта. Во љубовта можно е да бидете во паралелни врски.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Строгите правила никогаш не ви биле драги, а и сега ќе ви пречат. Размислувате за промена на работата. Нема да имате доволно време за саканата личност, ќе бидете презафатени со проблеми.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете авторитет за другите и пред вас стои поволен период. Важно е да воспоставите солидни односи со подредените. Во љубовта ќе уживате во вашата слобода.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Загрижени сте за парите кои сте ги земале на заем. Привремено ќе морате да се откажете од некои трошоци. Во љубовта нема да бидете заинтересирани за ништо.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не сте задоволни од своето деловно опкружување. Ако работите како нечиј партнер, ќе размислувате за прекин на деловната врска. Во љубовта ќе бидете фокусирани да го добиете она што го барате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП