21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃуровски повторно седнува на клупата на Црвена звезда

Ѓуровски повторно седнува на клупата на Црвена звезда

Комитетот за итни прашања на ФК Црвена звезда одлучи до крајот на сезоната екипата да ја води Бошко Ѓуровски, а на клупата на црвено-белите тој ќе го замени Миодраг Божовиќ, кој во понеделник поднесе оставка, објавено е на интернет страницата на клубот.

Ѓуровски денеска ќе биде промовиран и ќе го одработи првиот тренинг со тимот, а прв меч ќе му биде реваншот од полуфиналето на Купот со Чукарички.

Ова ќе биде вторпат легендата на Црвена звезда да го предводи клубот.

Ѓуровски во 2007 година го наследи Душан Бајевиќ и таа пролет со црвено-белите ја освои двојната круна.

Ѓуровски за првиот тим на Црвена звезда играше од 1980 до 1989 година, одигра 509 натпревари и постигна 103 гола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП