3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските ракометари поразени од Исланд

Македонските ракометари поразени од Исланд

Македонската ракометна репрезентација го доживеа вториот пораз во квалификациите за настап на ЕП во Хрватска, откако во недела вечер во Рејкјавик беше поразена од Исланд со минимални 30:29 (16:16).

Македонските ракометари во првото полувреме беа подобри и го контролираа резултатот, водејќи со 2:4, 3:5, 6:9 и 7:10. Но, потоа дојде до пад во играта и Исланѓаните направија комплетен пресврт и поведоа со 14:12.

Македонија набрзо се врати во игра и до крајот на полувремето успеа да ја анулира негатива, па двете селекции на одмор заминаа со идентични 16:16.

Во вториот дел Исланд имаше константна предност, која на моменти изнесуваше и 4 гола. Но, Македонија постојано наоѓаше начин да се врати во игра и да биде чекор зад резултатот на Исланд. Така беше и во последната минута во која влеговме со головите на Георгиевски и на Кире Лазаров, но Исланд во последните 15 секунди успеа да ја сочува топката и да дојде до значајна победа.

По овој триумф на Исланд, сите четири селекции во нашата група имаат по четири бода, односно по две домашни победи и по два гостински порази.

Во петтото коло Македонија гостува во Украина, а во последното коло нашата селекција ќе ја нагости Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП