3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНашиот капитен го промовираше третото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Нашиот капитен го промовираше третото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Капитенот на македонксата ракометна селекција, Кирил Лазаров, на прес-конференција одржана во клубот „Бо Боулинг“ во Скопје го промовираше третото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, во организација на агенцијата КМГ Спорт.

Кампот како и претходните две и оваа година ќе се одржи во хотелот „Аквалина“ во Охрид, во две смени од 20 Јуни до 02 Јули и на истиот учество ќе земат околу 300 ученици од земјата но и од 10-тина други земји од регионот и пошироко.

–  „ Искрено, се чуствувам многу среќен што изминатите две години растевме како камп икакоорганизација, децатра се задоволни и го повторуваат своето учество. Сакам да упатам јавна благодарност до сите учесници и нивните родители за довербата, бидејќи јас и самиот сум родител и знам дека не се пушта лесно дете надвор од дома. Се радувам што овие деца не доаѓаат на кампот само заради името Кире Лазаров, туку и за кавлитетна работа. Од друга страна би сакал да ја потенцирам важноста на нашите партнери во овој проект, нивната подршка во подигањето на станардите кои ги постигнавме минатите години и медиумите кои безусловно не подржуваат и имаат ваѓна улога во промовирањето на идејата на кампот.

Секоја година се трудиме да донесеме штопоквалитетни тренери кои нема да се повторуваат и кои имаат што да презентираат пред учесниците на кампот, тренери кои доаѓаат нашата земја но и тренери од земји кои нешто значат во ракометот“  – Кирил Лазаров.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП