17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВизер Скопскиот маратон ќе се одржи во недела

Визер Скопскиот маратон ќе се одржи во недела

„Визер Скопскиот маратон“ ќе се одржи в недела, а на патеката ќе се најдат голем број атлетичари од дури 52 земји.

Освен маратонската трка, ќе се трча и полумаратон, трка на 5 километри и штафетна трка.

На трката доаѓаат и минатогодишните победници од Кенија, а Кокан Ајановски, кој досега трчаше полумаратон, одлучи да трча маратон. Кај дамите македонска надеж е Весна Кираџиева.

-„Подготвена сум за оваа трка и ќе атакувам на победа. Овој маратон ќе биде и дел од државното првенство, така што ќе се обидам да истрчам колку што можам подобро“, рече Кираџиева.

Се очекува добар резултат и на полумаратон, и тоа од Дарио Ивановски, кој успеа да победи на полумаратонот во Белград.

„Имав одлични подготовки за овој настап. Уште во текот на зимските подготовки работев напорно и одлично,така што можам да кажам дека очекувам добро време и победа на трката. Ќе се обидам да истрчам колку може подобро време“, вели Ивановски, кој има одлични шанси за добар пласман и за време под еден час и 10 минути.

Најпрвин ќе се трчаат маратонската и полумаратонската трка со почетокот во 8:30 часот , додека 15 минути подоцна стартуваат учесниците на патеката од 5 километри.

Победниците ќе добијат парични награди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП