3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа Ѓоковиќ му е потребна нова енергија, ја прекина соработката со стручниот...

На Ѓоковиќ му е потребна нова енергија, ја прекина соработката со стручниот штаб

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се договори со тренерот Маријан Вајда, кондициониот тренер Гебхард Фил Грич и физиотерапевтот Миљан Амановиќ, заклучно со Мастерсот во Монте Карло да ја прекинат повеќегодишната соработка, соопшти ПР тимот на тенисерот.

До ваков договор дошло по детална анализа на играта, постигнатите резултати, но и заради приватните планови на секој член на тимот.

Заклучено е дека и покрај фантастичната соработка во изминатиот период, во моментот се потребни промени, нов пристап и нова енергија за да може Ѓоковиќ да го подигне нивото на играта и да остварува подобри резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП