18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Луда ноќ во Вашингтон, тепачка, исклучувања и триумф на Визардси

НБА: Луда ноќ во Вашингтон, тепачка, исклучувања и триумф на Визардси

Вашингтон го порази Бостон со 116:89 и намали на 1:2 во полуфиналната серија од НБА плеј-офот во Источната конференција. „Визардси“ доминираа во натпреварот што се отсликува и преку резултатот и единствената дилема се однесуваше на разликата со која ќе слават. Но, во нивниот „Веризон центар“ имаше сешто, па и ситуации што не се кошаркарски.

Тепачка, остри стартови, актерство, провокации, осум технички грешки и три исклучувања на обете страни донесе третата пресметка меѓу Вашингтон и Бостон. Почетокот на втората четвртина донесе физички судир по дуелот на Кени Олиник (Бостон) и Кели Убре Јуниор (Вашингтон). Страстите набрзина беа ставени под контрола меѓутоа инцидентот беше само увертира во она што следуваше во продолжението.

Домашната екипа имаше дури шест играчи со двоцифрен број поени. Ги предводеше Џон Вол со 24, по 19 уфрлија Портер и Богдановиќ. Селтикси, пак, беа непрепознатливи за разлика од вториот меч, а Ајзеа Томас во целост неутрализиран. По рекордните 53 поени претходно, организаторот на играта на Бостон овојпат беше запрен на 13, па прв стрелец меѓу нив беше Ал Хорфорд со 16 коша.

Голден Стејт ја совлада Јута со 115:104 во вториот натпревар на НБА репертоарот ноќеска за водство со 2:0 во полуфиналната серија на Западот. Дурант со 25 поени и 11 скока и Кари со 23 коша и седум асистенции беа лидери на „вориорси“. „Џезерите“ го имаа Хејворд како најефикасен на теренот со 33 коша што беше слаба утеха за нив на крајот на средбата.

НБА плеј-оф

Источна конференција, полуфинале

Вашингтон – Бостон 116:89 (резултатот во серијата е 1:2)

Западна конференција, полуфинале

Голден Стејт – Јута 115:104 (2:0)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП