2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерат Јакупи во борба за златниот медал на ЕП во Турција

Берат Јакупи во борба за златниот медал на ЕП во Турција

Македонскиот репрезентативец во карате Берат Јакупи ќе се бори за златниот медал на Европското првенство во Кочаели, Турција.

Јакупи, во четвртокот, избори пласман во финалето, во категоријата до 84 килограми, откако во полуфиналето го победи Гркот Георгиос Цанос.

Претходно Јакупи стартуваше на ЕП со победа над Денис Денисенко од Русија, потоа беше подобар од Белорусинот Антон Исакау, а во четвртфиналето славеше над репрезентативецот на БиХ, Мерис Муховиќ.

Македонија на ЕП во Турција настапува со 14 репрезентативци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП