4 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНема промени, Македонија останува на 133-то место

Нема промени, Македонија останува на 133-то место

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја објави новата ранг-листа, на која Македонија го задржа 133. место.

Во јунските натпревари од квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија, фудбалската репрезентација на Македонија ќе влезе до 133. позиција, на која се наоѓаше и на претходното рангирање.

Посместувања на позициите немаше и кај противниците на Македонија во квалификациската група: Шпанија е 10., Италија 12., Израел и Албанија се на 63. односно 66., а Лихтенштајн на 189. позиција.

Листата ја предводи Бразил, пред Аргентина, Германија, Чиле и Колумбија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП