13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБалоти ќе биде замена за Ибрахимовиќ во Јунајтед

Балоти ќе биде замена за Ибрахимовиќ во Јунајтед

Манчестер Јунајтед го означил Андреа Белоти како замена за Златан Ибрахимовиќ и за фудбалерот на Торино е подготвен да плати 75 милиони евра.

Британските медиуми во четвртокот пренесоа дека Јунајтед преку посредник го известил Торино дека намерата е Белоти да се пресели на „Олд Трафорд“.

Инаку, претседателот на Торино, Урбано Каиро, важи за човек со кого тешко се преговара. Тој на почетокот на годината рекол дека цената на 25-годишниот напаѓач изнесува 100 милиони евра.

Белоти неодамна потпиша нов договор до 2021 година, а покрај Јунајтед интерес за него покажува и Челзи.

Шпекулациите говорат дека Белоти повеќе би сакал да се пресели во Лондон бидејќи повторно ќе може да работи со поранешниот селектор на Италија, Антонио Конте.

Андреа Белоти сезонава има постигнато 25 голови во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП