27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.05.2017

Дневен хороскоп 04.05.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Новиот развој на настаните во врска со романтичната страна на вашиот живот има добро влијание на вас. Една работна обврска ве одвлекува од приватниот живот. Што побрзо ја завршите ќе можете повторно да продолжите по старо. Рекреативна прошетка во природа добро ќе ви дојде.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Новите случувања на деловната сцена налагаат жесток старт или зголемени ривалски односи. Потребно е да ги употребите сите свои способности со дел да ја зачувате добрата деловна позиција. Поминувајте повеќе време надвор.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Важно е правилно да се информирате за сите можности кои ви стојат на располагање и да ја сочувате вашата деловна или статусна позиција. Прифатете ги новите деловни можности кои ви ветуваат напредок, добра заработка и подобри услови.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Со успех ќе ги решите сите горливи проблеми. Сепак, колку сте посакани и позаљубени, толку со поголем жар ќе ги извршувате нештата, па ќе дојдете и до добра сума на пари. Напнатоста и хроничниот замор нема да поминат, додека не си посветите повеќе внимание на себе си и на своите потреби.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Посоветувајте се со блиските соработници за промена на работното место. Односот со партнерот е стандарно добар. Ако сте сами, тоа нема да биде така уште долго време. Можни се проблеми со зглобовите и коските, внимавајте.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Состојбата на емотивен план, полека, но сигурно ви се подобрува, што укажува дека многу поподготвено ќе ги пречекате љубовните искушенија. Затоа, активирајте ја силата, покажете дека имате капацитет за следење на авантурата и надминете ги дисхармоничните влијанија на лицата кои ве опкружуваат.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе почувствувате потреба за љубовно зближување или нова романса. Препуштете им се на вашите чувства и нема да погрешите. Новите случувања кои ќе ве исполнат со големо задоволство или љубовна среќа ќе бидат дополнителен стимул.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Следете ги правилата. Денот може да ви започне со неколку вида на проблеми поврзани со поранешни грешки или некое занемарување на правилата. Дејствувајте разумно и не размислувајте за проблемите, внимавајте на постапките.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Мирен ден кога станува збор за работата. Се ќе сработите без многу замарање. Аспектите се многу поволни за брак и за проширување на семејството.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Партнерот ве става на маки очекувајќи да ја признаете својата грешка. Размислете добро како ќе го завршите непријатниот разговор. Изложени сте на различни притисоци и често се наоѓате под стрес.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред вас е период кој носи широки можности за професионално усовршување и напредување. Ќе успеете да ги остварите сите големи амбиции, но неопходни се извесни одрекнувања. Во љубовта се е совршено.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Хронично сте незадоволни со себе и она што досега сте го постигнале. Повеќето од вас најчесто имаат разработен план да дојдат до она што го сакаат изигрувајќи помалку наивно суштество. Чувајте се од можни повреди и изгореници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП