18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот поведе со 2-0, СА израмни против Хјустон (видео)

Шампионот поведе со 2-0, СА израмни против Хјустон (видео)

Кливленд води 2-0 против Торонто во полуфиналето на Истокот, додека Сан Антонио израмни против Хјустон во полуфиналната тексашка серија на Западот.

Леброн Џејмс, одигра уште една брилијантна партија и го предводеше Кливленд до нова победа, шеста од почетокот на плејофот. По максималната победа 4-0 над Индијана на почетокот на плејофот, Кливленд победи и на првите две средби против Торонто.

Изминатата ноќ Кливленд славеше 125:103, а Леброн мечот го заврши со 39 поени, шест скока, четири асистенции и три украдени топки. Уште тројца играчи на актуелниот првак постигнаа двоцифрен број на поени: Кајри Ирвинг (22 поени, 11 асистенции), Ченинг Фрај (18 поени) и Иман Шамперт (14 поени).

Гостите ги предводеше Литванецот Јонас Валанчунас со 23 поени, три помалку уфрли Кајл Лаури, додека потфрли најдобриот играч на Торонто Демар Дерозан кој постигна само пет поени.

Сан Антонио целосно му се реваншира на Хјустон за поразот во првиот меч. Спарси славеа 121:96, благодарение на серијата 19:0 која ја направија во последната четвртина.

Кавај Ленард уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите играчи во лигата, својот тим го предводеше со 34 поени, со само три промашувања од поле (10/12 за два и 3/4 за три), на кои придодаде осум асистенции, седум скока и три украдени топки.

На спротивната страна потфрли Џејмс Харден кој погоди само трипати од игра (1/8 за два, 2/9 за три). Харден заврши со 13 поени, 10 асистенции и седум скока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП