4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Ајакс убедлив против Лион

ЛЕ: Ајакс убедлив против Лион

Фудбалерите на Ајакс го победија Олимпик Лион со 4:1 (2:0), во првиот полуфинален натпревар во Лига Европа. Ова беше првиот меч кој Ајакс го одигра во Амстердам, откако стадионот го носи името на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Јохан Кројф.

Ајакс не делуваше добро во првите 20 минути, на крајот забележа убедлива победа, а голманот Лопез го спаси Лион од катастрофа, иако и Лион имаше свои шанси.

Домаќинот постигна гол од првата сериозна акција, кога грешката на одбраната на Лион ја казни Траоре во 25.минута. Осум минути подоцна нова грешка на дефанзивната линија на Лион и нов гол, а стрелец беше данскиот тинејџер Долберг.

На почетокот од второто полувреме, Јунес, постигна гол за 3:0. Надежите на Лион му ги врати Валбуена кој намали на 3:1 во 66.минута. Две минути подоцна Гезал промаши „мртва шанса“, а во наредниот напад Траоре со својот втор гол му ја врати предноста на Ајакс од три гола.

Инаку Бертранд Траоре е играч на Челзи кој е позајмен во Ајакс.

Ајакс и Лион својот натпревар го одиграа во среда, бидејќи во четврток, во Амстердам се обележува сеќавањето на жртвите во Втората светска војна.

Вториот полуфинален натпревар во Виго, помеѓу Селта и Манчестер Јунајтед ќе се одигра в четврток, со почеток во 21:05 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП