4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ 30.коло: Вардар избегна пораз против Брегалница

ПМФЛ 30.коло: Вардар избегна пораз против Брегалница

Лидерот Вардар во финишот спаси бод во Штип, Шкендија загуби во Прилеп, па разликата на табелата помеѓу двата тима сега изнесува 13 бодови.

Вардар против Брегалница имаше два гола предност по првото полувреме (стрелци Велковски и Блажевски), но во вториот дел и со фудбалер помалку на теренот Брегалница направи целосен пресврт (два гола на Здравков и еден на Наумов), а во самиот финиш Џигуари ги постави конечните 3:3.

Шкендија гостуваше во Прилеп и загуби од Победа 1:0. Единствениот гол го постигна Станиќ во 25.минута.

Еден гол го реши победникот на дуелот помеѓу Македонија и Силекс, него го постигна фудбалерот на гостите Паноски.

Во дербито помеѓу Работнички и Пелистер немаше победник. Петров постигна гол за гостите во петтата минута, а пред крајот на првиот дел израмни Дурански.

Резултати, 31.коло:

Ренова-Шкупи 2:1
Победа-Шкендија 1:1
Македонија ЃП-Силекс 0:1
Брегалница-Вардар 3:3
Работнички-Пелистер 1:1

Табела, 31.коло: 1. Вардар 72, 2. Шкендија 59, 3. Работнички 49, 4. Пелистер 45, 5.Ренова 45, 6. Силекс 42, 7. Шкупи 33, 8. Победа 29, 9. Брегалница 21, 10. Македонија ЃП 19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП