5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПораз од Србија ќе значи отказ за Колман

Пораз од Србија ќе значи отказ за Колман

Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс, Крис Колман, ќе ја напушти функцијата доколку неговиот тим загуби од Србија во претстојниот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство.

Србија и Велс ќе го одиграат својот натпревар на 11 јуни, во Белград, во рамките на квалификациската Група Д за пласман на Мундијалот во Русија.

Првото место на табелата во оваа група го делат Србија и Република Ирска, со по 11 бодови, додека Велс е на третото место со седум бодови, колку што има и Австрија.

До крајот на квалификациите останаа уште пет натпревари и евентуалниот пораз Велшаните ќе ги исфрли од борбата за пласман на Мундијалот. Пласман во Русија ќе избори победникот во групата, а вторпласираниот ќе игра дополнителен бараж.

Колмен минатата година го предводеше Велс до историскиот успех, пласман во полуфиналето на Европското првенство кои се одржа во Франција. Инаку, Велс по 58 години се избори за настап на едно големо натпреварување.

Инаку, Колмен за мечот со Србија ќе има големи проблеми со составување на тимот бидејќи нема да може да смета на услугите на суспендираните Герет Бејл и Нил Тејлор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП