22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСАД ќе остане без НБА играчите

САД ќе остане без НБА играчите

НБА лигата нема да им дозволи на своите играчи да настапат за националниот тим во квалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година, објави еден од најпознатите американски новинари Марк Штајн.

Постојат повеќе можности како Американците ќе го решаваат овој проблем: да бидат регрутирани играчи од развојната лига за да играат во квалификациите или за репрезентацијата да настапат играчи кои играат надвор од САД.

Исто така, првите луѓе на националниот тим ја разгледувале опцијата да вработат повеќе тренери кои би ја предводеле репрезентацијата во квалификациите, но, сепак, според Штајн, најреална е опцијата да биде ангажиран еден тренер кој ќе го предводи тимот на сите 12 натпревари.

Актуелен селектор на САД е Грег Поповиќ, кој на функцијата го наследи Мајк Кжижевски.

Во текстот се спомнати само државјаните на САД, но претпоставка е дека тимовите нема да им дозволат на репрезентативците од другите држави кои се дел од НБА лигата да настапат за своите репрезентации во квалификациите за Светското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП